Macedonia

Салах е најдобриот африкански фудбалер за 2018

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 23:02

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах втора година едноподруго ја добива наградата за најдобар африкански фудбалер во избор на „Би-би-си“.

Египетскиот магионичар ја освојува титулата пред својот колега од Ливерпул, Садио Мане и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, откако постигна 44 гола во сите натпреварувања минатата сезона,  а оваа сезона има 13 гола во 23 меча.  Во топ 5 се и Мехди Бенатија од Јувентус и Томас Парти од Атлетико Мадрид.

Поранешниот нигериски плејмејкер Џеј-Џеј Окоча беше последниот фудбалер кој ја „одбранил“ титулата за најдобар фудбалер.

„Чувството повторно да се победи е фантастично. Среќен сум и следната година одиме на хет-трик. Оваа година имаше многу прекрасни моменти – мечот против Рома на ’Енфилд’ на пример ми беше омилениот меч. Постигнувам голови и помагам клубот да биде на првото место во Англија и чувството е прекрасно“, вели Салах.

Mo Salah, the #BBCAFOTY! 🔥

Full story: https://t.co/Efcbj24peJ pic.twitter.com/9Lfiql1uqS

— BBC Sport (@BBCSport) December 14, 2018

Текстот Салах е најдобриот африкански фудбалер за 2018 е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Баерн едвај подобар од Жалгирис, Будуќност не се спаси против Гран Канарија (видео)

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 22:51

Баерн со 88:84 славеше над Жалгирис во 12. коло од Евролигата, запишувајќи ја шестата победа на драматичен начин.

Баерн водеше во текот на целиот меч, но литванскиот клуб успеа да се врати и да ја одржува неизвесноста до крајот на мечот. Дерик Вилијамс со 27 поени беше најефикасен за Баерн, додека Брендон Дејвис уфрли 21 за Жалгирис.

Панатаинакос во грчко-турската пресметка со 75:67 ја победи Дарушафака, оставајќи ја на дното на лигата со само една победа во 12 меча. Коста Митоглу имаше 20 поени за грчкиот клуб, додека Џејмс Гист додаде 15.

АБА-шампионот Будуќност пак, не успеа да се спаси од пораз на гостувањето во Шпанија кај Гран Канарија, откако по слабото прво полувреме, не беше доволно да се има добар финиш на мечот, губејќи со конечни 95:85 . Будуќност има 3-9 скор, додека шпанскиот клуб 5-7.

ЕВРОЛИГА, 12. КОЛО

Баерн – Жалгирис 88:84 (18:12, 28:26, 17:23, 25:23)

Панатинаикос – Дарушафака 75:67 (22:16, 21:16, 14:21, 18:14)

Гран Канарија – Будуќност 95:85 (26:20, 30:14, 26:23, 9:22)

Текстот Баерн едвај подобар од Жалгирис, Будуќност не се спаси против Гран Канарија (видео) е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Ирак упати протестна нота кон Турција

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 22:47

Ирачкото Министерство за надворешни работи го повика турскиот амбасадор во Багдад и му врачи протестна нота поради повторното кршење на ирачкиот воздушен простор.

„Министерството ги осудува активностите на турските воздушни сили што го кршат ирачкиот воздушен простор и се насочени кон неколку локации во северен Ирак, што доведе до губење на животи и имоти”, се вели во соопштението на министерство.

Турската војска претходно соопшти дека извршила воздушни напади во северниот дел на Ирак и при тоа убила осум екстремисти на Курдската работничка партија.

Текстот Ирак упати протестна нота кон Турција е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Трамп ја поздрави кинеската суспензија на тарифите за автомобили

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 22:39

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлукaта на Кина да ги суспендира дополнителните тарифи за американските возила, велејќи дека тоа би можело да поттикне поширок трговски договор со Кина.

China just announced that their economy is growing much slower than anticipated because of our Trade War with them. They have just suspended U.S. Tariff Hikes. U.S. is doing very well. China wants to make a big and very comprehensive deal. It could happen, and rather soon!

— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 14, 2018

„САД се на вистинскиот пат, а Кина сака да постигне голем, сеопфатен договор. Тоа може да се случи и тоа е многу наскоро!” напиша Трамп на „Твитер“.

Текстот Трамп ја поздрави кинеската суспензија на тарифите за автомобили е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Канадските власти добија пристап до еден од двајцата уапсени во Кина

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 22:32

Канадските официјални лица добија пристап до еден од двајцата мажи кои кинеските власти ги уапсија во текот на оваа недела, додека со другите се уште се обидуваат да воспостават контакт, соопшти канадското Министерство за надворешни работи.

Канадскиот амбасадор Џон Мекалум се состана со Мајкл Ковриг во Пекинг, се наведува во соопштението без да бидат дадени други детали околу разговорите, објави Ројтерс.

Текстот Канадските власти добија пристап до еден од двајцата уапсени во Кина е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Франција ќе се бори со Русија за европскиот ракометен трон (видео)

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 22:28

Домаќинот на Европското првенство во ракомет, Франција ќе оди на првата титула во континенталното натпреварување против силната репрезентација на Русија, откако во второто полуфинале со 27:21 ја совладаа Холандија.

Франција, досега забележа само еден пораз на домашното Евро, и тоа против Русија на отварањето на првенството (26:23), така што сега ќе има мотив повеќе за одмазда против „зборнаја“, која досега се покажа како најсилниот тим.

Отпорот на Холанѓанките беше „скршен“ во второто полувреме откако „триколорите“ имаа предност од само еден гол во првото полувреме. Естел Нзе Минко заврши со шест гола, додека по четири имаа Лора Флипес и Сираба Дембеле, додека кај Холанѓанките, кои ќе се борат со Романија за бронзата, најефикасна беше Лоис Абинг со седум гола.

ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ПОЛУФИНАЛЕ

Русија – Романија 28:22 (16:15)

Холандија – Франција 21:27 (11:12)

😎 Zaadi zips through @nedteamhandbal‘s defence as @FRAHandball begin to create a commanding advantage #NEDFRA #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/EpWlCGnb2x

— EHF EURO (@EHFEURO) December 14, 2018

.@nedteamhandbal are working hard to close the gap! Malestein takes them nearer with her second goal #NEDFRA #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/s5006DC5pZ

— EHF EURO (@EHFEURO) December 14, 2018

The hosts are in charge so far in the 2nd semi-final! Check out this hammer from Niombla that keeps them comfortably in front 🔥 @FRAHandball #NEDFRA #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/tBhia9qu9v

— EHF EURO (@EHFEURO) December 14, 2018

Русинките со турбо-второ полувреме влегоа во финалето (видео)

Текстот Франција ќе се бори со Русија за европскиот ракометен трон (видео) е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Трамп: Нема зошто да се брза во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 22:17

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска рече дека „нема зошто да се брза“ во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја.

– Многу луѓе прашуваат до каде се преговорите со Северна Кореја, а јас им одговарам дека нема зошто да се брза. Има страшен потенцијал за голем економски успех за таа земја. Ким Џонг Ун го знае тоа подобро од кој и да е друг и ќе може целосно да го искористи тоа. Сè е во ред, рече Трамп.

Тој, сепак, не соопшти конкретни детали за евентуалните разговори.

Трамп и Ким се сретнаа во јуни во Сингапур.

Тој често зборува за нова средба со Ким, но целосните преговори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, според договореното во Сингапур, како што пренесуваат медиумите, најверојатно се во ќор-сокак. 

The post Трамп: Нема зошто да се брза во преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 21:58

На автопатот Гевгелија-Скопје доцна вечерва се случи сообраќајна несреќа.

Како што соопштија од Авто мото-сојузот на Македонија, поради сообраќајната несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје, поточно по наплатна рампа Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Во несреќата нема повредени.

Претходно, од АМСМ посочија дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози и возачите треба да возат со приспособена брзина на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.

Од Авто мото-сојузот исто така потестуваат и дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Текстот Сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Конте ја потврди смртта на новинарот Мегалици кој настрада во нападот во Стразбур

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 21:52

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва потврди дека младиот новинар Антониo Мегалици им подлегнал на повредите здобиени во нападот на божиќниот пазар во Стразбур.

– Голема тага поради смртта на Антоно Мегалици, момчето кое имаше голема страст за новинарството, за радиото, за истражувањето и за европските институции, напиша Конте на Твитер.

Радио Еурофоника исто така јави дека Мегалици, кој работеше за нив, починал.

Мегалици беше хоспитализиран во многу тешка состојба по нападот на божиќниот пазар во Стразбур, во кој настрадаа четири лица, а повеќе од десет беа ранети.

Обвинителството на Париз денеска соопшти дека почина и четвртата жртва од нападот што се случи во вторникот во Стразбур.

Напаѓачот Шериф Шекат убиен е синоќа во пресметка со полицијата откако отвори оган врз полицајците кои се обидоа да го уапсат препознавајќи го на улица.

Со тоа заврши дводневната потера во која учествуваа повеќе од 700 припадници на безбедносните сили.

Исламска држава вчера соопшти дека Шекат е нивен борец.

The post Конте ја потврди смртта на новинарот Мегалици кој настрада во нападот во Стразбур appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Ердоган: Убиецот на Кашоги вели дека знае добро да сече

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 21:48

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и понатаму открива детали за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Тој рече дека од аудиоснимка од убиството што се случи во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул слушал како убиецот вели дека знае добро да сече.

Според Ердоган, човекот што се слуша на аудиото е висок член на армијата и вработен во мртовечница, кој отворено вели дека може да го исече телото, пренесува АП.

Турција заклучи дека 15 лица го убиле Кашоги на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

Турција достави аудиоснимка од моментот на неговото убиство во конзулатот до Саудиска Арабија, САД, Германија и некои други земји.

АП наведува дека Ердоган го критикува принцот Мохамед бин Салман бидејќи тој првично изјави дека Кашоги го напуштил конзулатот, а потоа сам себе се демантирал.

„Оваа земја не е глупава, таа знае како да ги задржи луѓето одговорни“, рече Ердоган.

Текстот Ердоган: Убиецот на Кашоги вели дека знае добро да сече е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Одобрено барањето за апсење на бразилскиот исцелител Жоао де Деус

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 21:34

Бразилскиот суд го одобри барањето на обвинителот за апсење на „духовниот исцелител“ Жоаo Тејшерија де Фарија откако повеќе од 300 лица посведочија дека сексуално ги злоставувал.

Меѓу жртвите е и неговата ќерка, која изјави дека ја злоставувал од нејзината 10 до 14 година, при тоа нарекувајќи го монструм.

Тејшерија де Фарија, познат како Жоао де Деус е познат на јавноста по своите „психички операции“ и тврди дека може да излекува разни болести.

The post Одобрено барањето за апсење на бразилскиот исцелител Жоао де Деус appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 21:29

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур, Шериф Чекат, не бил запрен пред да го изврши нападот.

Имено, тој беше на листата на сомнителни радикализирани лица на француската разузнавачка служба пред да убие четири лица на божикниот панаѓур во вторникот.

Полицијата се обиде да го уапси претходно истиот ден, но не успеа да го стори тоа, објави АП.

Макрон рече дека Франција треба да научи од последиците од кој било полициски неуспех и да работи на она што може да се подобри.

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, Макрон отиде во Стразбур да им оддаде почит на жртвите од нападот и да се сретне со безбедносните сили.

29-годишниот напаѓач Шериф Чекат, по кого беше издадена потерница, беше убиен вчера во Стразбур по два дена бегство.

Божикниот панаѓур во францускиот град Стразбур денеска е повторно отворен по помалку од три дена откако радикалниот исламист Шериф Чекат изврши терористички напад, во кој загинаа четири лица, а беа повредени десетина.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, присуствуваше на повторното отворање на саемот што се рекламира како главен град на Божик и привлекува речиси два милиона посетители секоја година.

Текстот (Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Јункер: Орбан шири лажни вести

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 21:20

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан за ширење дезинформации.

„На Европскиот совет јасно му дадов до знаење дека некои од сегашните премиери се извор на лажни вести“, изјави Јункер за новинарите во Брисел по состанокот на лидерите на ЕУ.

Текстот Јункер: Орбан шири лажни вести е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Протестна нота од Ирак за Турција поради нарушување на воздушниот простор

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 21:16

Ирачкото Министерство за надворешни работи денеска го повика турскиот амбасадор во Багдад при што му врачи протестна нота поради повторно нарушување на воздушниот простор на Ирак.

– Министерството ги осудува акциите на турските воздушни сили кои го нарушуваат воздушниот простор на Ирак и притоа нападнаа неколку локации во северен Ирак, што доведе до човечки загуби и материјална штета, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство.

Турската војска претходно соопшти дека денеска извела воздушни удари во северен Ирак и притоа убила осуммина екстремисти на Курдска работничка партија(ПКК), која е забранета во Турција.

The post Протестна нота од Ирак за Турција поради нарушување на воздушниот простор appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Шекеринска: Нема ослободување од одговорност на креаторите на 27 април

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 20:59

Иако бевме жртви на настаните од 27 април имаме одговорност како луѓе во Владата да ѝ помогнеме на државата да продолжи напред кон целта, да се одлепи од дното и да не ги повторува грешките, а единствена шанса за тоа е перспективата во НАТО и ЕУ, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за 1 ТВ, говорејќи за законското решение за делумна амнестија за собраниските настани.

За селективната амнестија за 27 април како црвена линија за да поминат уставните амандмани и дали сѐ е дозволено во името на евроатлантските интеграции Шекеринска вели дека иако како граѓани, на пратениците им е најлесно да кажат дека секој што учествувал треба да одговара, како одговорни политичари, мора да и помогнат на Македонија да заздрави од траумата.

-Темата помирување, како да ги залечиме раните, ѝ претходеше на дебатата. Лага е дека во дебатите за амнестија во јули со ВМРО-ДПМНЕ некој од нас барал амнестија за 27 април. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги пушти низ вода сите што учествуваа во таа драма во Собранието. Тие единствено што бараа беше амнестија за криминалот и за злоупотребите, за предметите во СЈО и што се однесуваат на бомбите, рече Шекеринска.

Според неа, не се сите еднакво одговорни за случувањата и тоа се става во законот, без да се мешаат во работата на судството.

– Јасно ставивме на знаење дека има разлика меѓу оние што организирале, оние коишто биле директни починители на насилството и оние кои го поддржале. Во законот е јасно дека нема теоретска шанса да прифатиме да бидат ослободени од одговорност оние кои го креираа и го организираа овој монструозен акт,  наведе Шекеринска.

Јас колку што сум видела работна верзија не влегува ни во намалување, ниту во зголемување на казната. Но, законот ги дефинира кои се тие кривични дела кај кои нема да важи законот за амнестија. Тоа значи дека обвинител и утре судија ќе ги осудува тие коишто смета дека се организатори и причинители на насилство само врз основа на овие неколку дела и тие дела носат серизони казни, но тие казни согласно постоечкиот Кривичен законик не се толку високи иако станува збор за сериозен број години, но не е толку висок прагот како по обвинителниот акт којшто во моментов се користи од страна на обвинителот, рече Шекеринска. 

Таа истакна дека ќе поддржат решенија што ќе ја зголемат улогата на опозицијата и контролата на Собранието врз Владата и која што ќе им даде шанса на пратениците да функционираат без страв и без притисок.

– За ова нашиот позитивен став е познат од 2013, но ниту еден од овие документи како што е на пример Деловникот не сакаме да го носиме и без опозицијата. И затоа работната група ќе биде, јас се надевам, добар начин не само да се справиме со последиците од 27 април, туку да се справиме со таа една војна во која ако си власт ти се може се, а ако си опозиција треба да трпиш се. Јас не гледам среќа во таква држава. Не гледам дека е тоа подобра перспектива за нашите млади, наведе Шекеринска. 

Според неа, Македонија за да стане подобро место за живеење мора да покаже дека оние кои ќе го кршат законот, а се на највисоки функции мора да одговараат.

– И таа лекција ако не ја научиме овој пат кога луѓето можеа со свои уши се да чујат никогаш нема да ја научиме. Затоа велам  влеговме во процесот на уставни измени со чиста и чесна намера и со позитивна мисла да создадеме мнозинство водени од заедничката желба државава да си ги отвори вратите кои 10 години седеа затворени, посочи вицепремиерката. 

Таа истакна и дека имаат одговорност да направат се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство да биде само времен бегалец. Истрагата што се води за бегството на Груевски првин треба да ни ги дефинира фактите за оттаму да произлезе и кривична одговорност која сум сигурна дека некаде постои, рече Шекеринска.

Истрагата, дополни, треба да ги утврди и како што посочи, „дупките што овој тип на  криминална структура ги употребила“.

The post Шекеринска: Нема ослободување од одговорност на креаторите на 27 април appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Ердоган и Трамп телефонски разговараа за Сирија

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 20:58

Претседателите на Турција и САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, се согласија да има ефикасна соработка во Сирија, соопштија од Анкара, која неодамна ја објави новата воена офанзива против курдските борци во северниот дел на Сирија, пренесува РСЕ.

Ердоган и Трамп во телефонски разговор се согласија дека нивните земји имаат ефикасна соработка во Сирија, соопштија извори блиски на турскиот претседател.

Турскиот претседател неодамна изјави дека во наредните денови ќе биде поведена нова воена операција против курдските борци во Сирија, кои Анкара ги смета за терористи, а кои имаат поддршка од САД во борбата против милитантите на Исламската држава.

Турските сили веќе имаа две операции против курдските борци во Сирија. Првата беше спроведена во 2016 година, а втората почна оваа година.

Арапско-курдската коалиција ја има поддршката на меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против џихадистите во Сирија.

Текстот Ердоган и Трамп телефонски разговараа за Сирија е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Вучиќ: Албанците покажаа дека никогаш не им било грижа за правдата и правата

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 20:46

По повеќегодишните закани, денеска, официјално косовската војска на нелегален и незаконски начин е формирана, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ, на вонредна прес-конференција што ја закажа за вечерва.

„Сè што сторија Албанците го сториле во спротивност со меѓународното право и во спротивност со својот највисок правен акт, Уставот, како што велат тие, на Република Косово, и покажаа дека никогаш не им било до правото и правдата, туку до реализирање сила, напад врз Србите и нескриен напад врз Република Србија“, рече претседателот Вучиќ.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Белград водел дијалог бидејќи сака компромис.

Тој изјави дека бил цел на општа критика од целата српска јавност бидејќи тој го предлагал она што му било кажано.

Претседателот на Србија вечерва истакна дека е создадена атмосфера што ја гази и уништува Србија.

Тој во изјавата рече дека Србија се префрла на мирна демократска политика, која се обидува да ги заштити своите државни и национални интереси.

Текстот Вучиќ: Албанците покажаа дека никогаш не им било грижа за правдата и правата е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

На Крит запленета дрога во вредност од над 100 милиони евра

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 20:37

Дрога, чија улична вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, запленета е на пристаништето Ираклион на Крит.

Грчаката крајбрежна стража соопшти дека бродот „Нока“, кој пловел под сириско знаме, превезувал над шест тони хашиш и преку три милиони таблети од халуциногената дрога „каптагон“, познати и како „џихадистичка дрога“.

Дрогата била скриена во 18 контејнери.

Бродот испловил од Сирија, а крајна дестинација била либискиот град Бенгази.

Единаесетчлениот екипаж, составен од десет Сиријци и еден Индиец, изјави дека не знаеле за илегалниот товар.

Според грчката крајбрежна стража дел од дрогата би завршил на нарко пазарите во Европа.

The post На Крит запленета дрога во вредност од над 100 милиони евра appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia

Антониo Мегализи, новинар од Италија, е четвртата жртва од нападот во Стразбур

МАКФАКС - Ven, 14/12/2018 - 20:23

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, потврди дека младиот новинар Антониo Мегализи им подлегнал на повредите добиени за време на нападот на божикниот панаѓур во Стразбур.

„Големо жалење поради смртта на Антониo Мегализи, млад човек што има голема страст за новинарството, за радиото, за истражувањата и за европските институции“, напиша Конте на „Твитер“.

Profondo dolore per la morte di Antonio #Megalizzi, un giovane con una grande passione per il giornalismo, per la radio, per le inchieste e per le istituzioni europee. Un pensiero commosso ai suoi familiari e alla sua ragazza, insieme alla solidale vicinanza di tutto il Governo

— GiuseppeConte (@GiuseppeConteIT) December 14, 2018

Радиото „Еврофоника“ исто така објави дека Мегализи, кој работел за нив, починал.

Мегализи беше хоспитализирани во многу тешка состојба по нападот во Стразбур, во кој загинаа четири лица, а беа повредени повеќе од десет, објави АП.

Исламистичкиот терорист Шериф Чекат во нападот во Стразбур усмрти четири лица, од кои две им подлегнаа на повредите во болница. Уште 12 луѓе се повредени, од нив шестмина се критични, велат француските власти.

Меѓу жртвите е Тајланѓанецот Анупонг Суебсамарн (45), кој во Стразбур бил со сопругата во туристичка посета. Тајландската амбасада во Париз ја потврди неговата смрт.

Како што пишува „Франс 24“, тајландскиот турист е убиен додека излегувал од ресторан во центарот на градот. Неговиот вујко за медиумите изјавил дека Суебсамарн и сопругата првично сакале да одат во Париз, ама во последен момент се предомислиле поради протестите, па отишле во Стразбур.

Втората жртва, која имала мозочен удар, е 40-годишен жител на Стразбур по потекло од Авганистан.

Во нападот повредени се тројца улични музичари кои свиреле пред кафуле. Еден од нив бил погоден во вратот и се наоѓа во кома. Другиот исто така е во сериозна состојба со повреда на главата, а третиот е полесно повреден.

Двајца Французи од покраината Восгес исто така се повредени во нападот. Едниот е погоден во дел од вратот и се наоѓа на интензивна нега, а другата жртва е 18-годишна девојка, која е оперирана и е надвор од животна опасност.

Тешко повреден е уште еден Французин, јави „Ле Паризиен“, а сопственичка на локална продавница објавила на „Фејсбук“ дека нејзината 18-годишна ќерка е ранета во раката.

Полскaтa амбасада во Париз објави на „Твитер“ дека меѓу повредените е и еден полски државјанин.

Текстот Антониo Мегализи, новинар од Италија, е четвртата жртва од нападот во Стразбур е превземен од МАКФАКС.

Categorie: Macedonia

Протести на „Жолтите елеци“ во Израел против зголемување на трошоците за живот

Нова Македонија - Ven, 14/12/2018 - 20:22

Неколку стотици израелски „Жолти елеци“ денеска учествуваа на протестите во Тел Авив и Ерусалим против претстојните зголемувања на цените, по примерот на Движењето, што ја потресе Франција во последниве недели.

Оваа недела, израелските медиуми информираа дека ќе се зголемат цените на храната, водата, струјата, телефонската претплата и локалните даноци, како резултат на девалвацијата на шекелот во однос на доларот и еврото. Израел досега беше познат по високите трошоци за живот.

Учесниците во денешните протести побараа да се стави крај на економските монополи, за кои веруваат дека се основа на зголемувањето на цените и оптоварувањата за сите Израелци.

Во 2011 година, десетици илјади Израелци излегоа на улиците на мирни протести против високи кирии и високи трошоци за живот. Сепак, демонстрациите во минатото не постигнаа никаков резултат.

– Борбата против зголемувањето на трошоците за живот е само почеток, рече 63-годишниот Ази Нагар, еден од организаторите на протестот што се одржа на плоштадот „Франција“ во Ерусалим, недалеку од резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Активист на опозициската Партија на трудот рече дека сакаат да го следат примерот на Французите за да постигнат вистински промени.

Оваа недела министерот за финансии Моше Кахлон најави формирање комисија за да најде решение за проблемите.

Покрај добриот економски раст, ниската невработеност и досега незначителната инфлација, над 20 отсто од населението во Израел живее во сиромаштија. 

The post Протести на „Жолтите елеци“ во Израел против зголемување на трошоците за живот appeared first on Нова Македонија.

Categorie: Macedonia